Одбојкарите ќе се судрат со должникот Украина во квалификациите за ЕП 2019

mk

Македонската одбојкарска репрезентација денеска во Луксембург ги дозна противниците за квалификациите за Европското првенство во 2019 година на кое домаќини ќе бидат четири земји Франција, Холандија, Словенија и Белгија.

„Спартанците“ за ривали во групата Ф ги добија Унгарија, Швајцарија и должникот Украина која годинава не победи во финалето на Европската лига. Квалификациите почнуваат во месец август 2018, а завршуваат во јануари 2019 со тоа што пласман во главната фаза обезбедуваат победниците од сите седум групи плус најдобрите пет второпласирани.

На шампионатот пласирани се веќе домаќините Франција, Холандија, Словенија и Белгија како и Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција.

grupi ep

Facebook Коментари