Одбојкарите ги добија противниците за Европската лига

mk

Во седиштето на европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) во Луксембург денеска беше одржан состанок на сите 26 членки при што беше официјализиран новиот систем кога е во прашање Европската лига.

Како во машка така и во женска конкуренција ќе имаме Златна и сребрена европска лига, а селекциите се сместени во двете групи во зависно од ранкингот на Европската листа.

Ние сме во втората Сребрена лига и сме во групата А заедно со Австрија, Летонија и Косово, додека втората група ја сочинуваат Белорусија, Хрватска, Унгарија и Албанија. Натпреварувањето започнува на 20 мај, ќе бидат одиграни по вкупно шест натпревари (дома и гости) пред финалниот турнир закажан за во месец јуни.

На завршницата ќе учествува организаторот, првите две селекции во двете групи и втората најдобра пласирана репрезентација.

Ако пак нема организатор тогаш натпреварувањето ќе продолжи со домашни и гостински натпревари (полуфинале и финале).

Победникот како награда ќе добие 50.000 евра плус место во Златната лига во 2019 година, заменувајќи го оној кој ќе има најнизок ранкинг во 2018 година.

Инаку во Златната лига трите групи ги формираат:

Men's EuropeanLeague

Facebook Коментари