Одбојкарите ги добија противниците во квалификациите за ЕП

odbojka

Одбојкарската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за циклусот на квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2021 година ќе се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Ние ќе се обидеме по вторпат во нашата историја да дојдеме на собирот на најдобрите селекции на стариот континент, а за да го направиме тоа мораме да ја минеме групата во која се Турција, Данска и Босна и Херцеговина. Ова е групата Ц во која ние ќе треба да бидеме први или пак да бидеме во групата од петте најдобро второпласирани селекции ако сакаме во 2021 година да бидеме на ЕП.

Ова се групите:

ГРУПА А: Холандија, Шведска, Хрватска
ГРУПА Б: Бугарија, Австрија, Израел
ГРУПА Ц: Турција, МАКЕДОНИЈА, Данска, Босна и Херцеговина
ГРУПА Д: Шпанија, Летонија, Молдавија, Кипар
ГРУПА Е: Словачка, Романија, Швајцарија, Албанија
ГРУПА Ф: Грција, Црна Гора, Азербејџан, Грузија
ГРУПА Г: Белорусија, Португалија, Норвешка, Унгарија

Освен четворицата ко-домаќини досега пласман на ЕП имаат обезбедено Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија или тоа значи дека треба да се пополнат 12 места.

Facebook Коментари