Поврзете се со нас

Италија

Одбележан „Денот на италијанскиот спорт во светот“

Објавено

на

Викендов беше организиран најавениот „Ден на италијанскиот спорт во светот“, настан во организација на Амбасадата на Италија, при што „Дерби“ во неколку наврати пишуваше околу подготовките кои беа спроведени од страна на амбасадорот Андреа Силверстри.

Место на одржување беше таканаречениот „армиски стадион“ во Градскиот парк во Скопје.

Настанот е промовиран од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, во соработка со италијанското Министерство за спорт и италијанскиот Национален олимписки комитет (CONI) и се стреми да ги валоризира позитивните вредности – почит, страст, фер игра и тимски дух, карактеристични за спортот, кои истовремено претставуваат и многу корисна алатка за зајакнување на соработката и промовирање на дијалогот помеѓу народите.

Министерот за спорт во Владата на Македонија, Борко Ристовски, беше меѓу гостите на настанот.

– Благодарам за поканата да бидам дел од овој проект за промоција на италијанскиот спорт. Мене ми е посебно драго затоа што успеавме да ја привлечеме италијанската амбасада повеќе на страната на спортот, а помалку на страната на виното и на храната. Чест и задоволство ми е да бидам дел од овој настан денеска, посебно затоа што во него се вклучени млади луѓе коишто одлучиле спортот да им биде дел од животот. За нас како Министерство за спорт и за мене како ресорен министер посебно е важно што заедно можеме да промовираме вистински вредности. Тоа е значајно за овие млади деца кои се присутни денеска и воопшто за сите луѓе во спортот да бидат не само спортисти, туку и вистински луѓе кои ќе си ја сакаат државата, ќе си го почитуваат народот и ќе ги негуваат вистинските вредности. Министерството за спорт секогаш ќе биде дел и ќе поддржува вакви настани – истакна министерот Борко Ристовски.

Овогодинешното издание на „Денот на италијанскиот спорт во светот“ посветува посебно внимание на фудбалот, еден од најомилените спортови во Италија, но и во Македонија

– Ова се можности да се зголеми важноста на спортот, да се промовира пријателството меѓу нашите народи исто така и преку навивање. Добра забава, да живее фудбалот и промоцијата на спортот – посочи италијанскиот амбасадор, Н.Е. Андреа Силвестри во воведното обраќање.

На денешниот настан беа презентирани македонските фан клубови на италијанските тимови и беше промовирано Здружението на навивачи „Калчо триколоре“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни