Поврзете се со нас

Англија

Од завршниот список на Саутгејт отпадна и играч на Ливерпул, Мегваер неизвесен за ЕП (Фото)

Објавено

на

Герет Саутгејт вчеравечер го информирал Џејмс Мадисон дека нема да биде дел од завршниот список за Европското првенство, но истата вест ја дознал и офанзивниот играч за врска на Ливерпул.

Кртис Џоунс е вториот играч кој отпаѓа од пошироката листа која првично ја објави англискиот селектор, а до сабота, ќе мора да бидат прецртани уште пет фудбалери.

Англиската репрезентација попладнево официјално потврди дека Мадисон и Џоунс се испратени дома и дека можат да почнат со своите одмори, но угледните таблоиди информираат дека покрај планирарните резови, Саутгејт може да се соочи и со голем шок.

Хари Мегваер не ја заврши сезоната во Премиер лигата поради повреда на листот и не играше во големото финале на ФА Купот, но поради нов проблем во истиот предел, сега може да остане и без Европско првенство.

Англиските медиуми инфоррмираат дека Мегваер сега е сериозно неизвесен за настап на континенталниот собир, што дефинитивно може да донесе и промени во завршниот список кој ќе го објави Герет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни