Скокови од карпи: Од тотално помрачување, до „Портата на пеколот“

Photographer Credit:
Dustin Snipes/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Dustin Snipes/Red Bull Content Pool

Ѕвездената појава која се доживува еднаш во животот ќе го обележи враќањето на светското првенство во скокови од карпи познато како Red Bull Cliff Diving, чиј што календар предвидува натпревар во Тексас на 3 септември 2017 година.

Во специјална пригода како загревање за „Портата на пеколот“ во Тексас, Хелена Мертен (Австралија), Дејвид Колтури (САД) и Енди Џонс (САД) и Орландо Дуке (Колумбија) го прославија првото целосно помрачување на сонцето во САД за речиси четири децении. Нивниот скок од 20-метарската платформа во МекМинвил, Орегон беше овековечен со огледала со предна површина со висок оптички квалитет.

Битките за двете титули се во полн замав, од кои Орландо Дуке е изненадувачкиот предвовник кај мажите, на влезот од втората половина од оваа веќе многу возбудлива сезона, додека актуелната шампионка кај жените Ријана Ифланд повторо е на врвот од женската табела, пред настанот на кој ја забележа нејзината прва победа.

Во небото без сонце се нурнаа само неколку врвни светски спортисти се кои ќе се натпреваруваат во Тексас, САД на 3 септември. Меѓу четворицата нуркачи кои имаа среќа да учествуваат во фото сесијата беше и колумбиската нуркачка легенда Орландо Дуке, на кого не му е првпат да биде на насловните страници со импресивни скокови низ целиот свет, меѓу кои и неговиот познат скок од хеликоптер во 2013 година пред Статуата на слободата во Њујорк.

– Тоа беше еден од најлудите скокови што сум ги направил во целиот мој живот,- вели Дуке. – Знаевме дека ќе биде мрачно, но не и толку мрачно! Уште повозбудливо беше што имавме само една шанса за да го направиме тој скок.

Иако има 42 години, Колумбиецот моментално повторно ужива во одличната сезона заради која е на врвот од машката дивизија, едвај го чека Тексас и идните предизвици од шесткратниот шампион Гери Хант (Велика Британија) како и неговиот колега во скокањето при тоталното помрачување и фаворит на домашната публика, Дејвид Колтури.

Со три различни победници во исто толку настани, меѓу кои последен е италијанскиот скокач со вајлд-карта, Алесандро Де Росе, деветтата сезона не може да биде повозбудлива. Во четвртото враќање на светското натпреварување во „Портата на пеколот“, Мексиканецот Џонатан Паредес, кој беше предводник на сите годинешни настани по две од четири рунди, има за цел да додаде и четврто име на таа листа.

Кај жените, актуелната шампионка Ријана Ифланд повторно победува во 2017 година, и ќе се обиде да се врати на врвод од подиумот во Тексас, каде што и започна женскиот шампионат во 2014 година, а Австралијанката ја забележа својата прва победа минатата година на нејзиниот дебитантски скок.

 

Гледајте во живо!

Ова натпреварување ќе се пренесува во живо, во недела на 3 септември започнува со елиминациските рунди во 22 часот по средноевропско време. Акцијата можете да ја следите преку веб страната www.redbullairrace.com и преку Red Bull TV. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv.

Табела (мажи): 1.Орландо Дуке (Колумбија) 380 поени, 2. Гери Хант (Велика Британија 370 поени, Енди Џонс (САД) 300 поени, 4. Џонатан Паредес (Мексико) 290 поени, 5. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 280 поени, 6. Дејвид Колтури (САД) 280 поени.

Табела (жени): 1.Ријана Ифланд (Австралија) 490 поени, 2.Адријана Хименез (Мексико) 360 поени, 3. Џинџер Хјубер (САД) 340 поени, 4. Хелена Мертен (Австралија) 320 поени, 5. Ана Бадер (вајлд-карта) (Германија) 260 поени.

Facebook Коментари