Поврзете се со нас

Македонија

Од Скопје во Битола: Кизиќ потпиша тригодишен договор со Пелистер

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Марко Кизиќ ја менува клупската средина и од наредната сезона ќе го чува голот на Еурофарм Пелистер.

Младиот Кизиќ одлучи да го напушти Вардар и да му се приклучи на најголемиот ривал на „црвено-црните“. Договорот е со важност до 2024 година, а тој во новата средина ќе биде претставен пред почетокот на кампањата 2021/22.

Кизиќ кој има само 20 години важи за еден од најталентираните македонски голмани, веќе има искуство со настапите во ЛШ, СЕХА лигата, па дефинитивно ќе биде уште еден адут во ракавот на тренерот Жељко Бабиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни