Поврзете се со нас

Атлетика

Од рекорд во рекорд: Дуплантис испиша нова историја во Белград со страшен скок (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/WorldAthletics

Арманд Дуплантис испиша нова атлетска историја во Белград, бидејќи во истиот град, постави два нови светски рекорди, односно си ги урна своите и продолжи да ја поместува границата.

Откако пред две недели скокна 6 метри и 19 сантиметри, денеска го освои златниот медал на Светското првенство во сала кое се одржува во Србија, а тоа го направи со скок за еден сантиметар подобар од оној претходниот.

„Мондо“ Дуплантис денеска скокна 6.20 метри и постави нов светски рекорд во сала, што само е остварување на најавата која ја даде пред 15-тина дена.

Дуплантис најави дека ќе брка 6.20 во својот следен обид, а денеска успешниот скок му донесе нов златен медал во неговата богата ризница од најсјајни одличја.

– За само две недели поставив два нови светски рекорди на исто место, Белград од сега е посебен град за мене, – изјави Дуплантис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни