Поврзете се со нас

Свет

Од првиот клуб на Лаутаро веќе тријат раце: Работата со Барселона е завршена!

Објавено

на

Барселона веќе подолго време го следи прогресот на Лаутаро Мартинез и го има пикирано како идеален напаѓач кој би му бил поддршка на Луис Суарез во офанзивата на шпанскиот првак, а надоврзувајќи се на сите позитивни најави кои пристигнуваат од Аргентина за реализацијата на оваа зделка, се јави и претседателот на првиот клуб за кој настапуваше центарфорот на Интер.

Пред да биде дел од Расинг, Мартинез ги бранел боите на Линиерс Бахија Бланка од каде направил директен трансфер во познатиот аргентински великан, а сега првиот човек на овој клуб открива дека тогаш се заштитиле со солиден процент од идните милионски продажби на својот фудбалски талент.

Карлос Пабло е убеден дека операцијата е веќе завршената работа и практично веќе во клубот тријат раце поради парите кои ќе ги заработат.

– Ние имаме огромни очекувања од тоа што треба да се случи со Лаутаро Мартинез. Ова е необична ситуација, но доста добра за нас. Имам чувство дека се е завршено, но дека не сакаат да не известат уште сега. Ќе почекаат уште извесно време пред да се објави информацијата, – открива Пабло за „Радио дел Плата“.

– Одржуваме 20 проценти од капиталната добивка која ќе ја има Расинг од овој трансфер. Трансферот на Лаутаро ќе биде најважен во овој следен период. Има толку многу работи што ќе можеме да направиме со тие пари, но во овој момент се уште не размислуваме за тоа, – додаде претседателот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни