Поврзете се со нас

Европски првенства

Од минус 16 до голема победа: Кошаркарите ја срушија Италија и останаа во игра за ЕП

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство и тоа против Италија која денеска ја совладавме во „балонот“ во Перм со 87-78.

Нашиот националн тим со ова ги задржа шансите за место на собирот кој е на програмата во 2022 година, а за да дојдеме до билетот треба прво Русија денеска треба да го потврди статусот на фаворит и да ја добие Естонија за да потоа ние утре славиме над Естонците со 10 разлика.

Кога е во прашање денешната битка, избраниците на Александар Тодоров со голем пресврт дојдоа до посакуваниот резултат. Во втората четвртина губевме и со 16 разлика, ама успеавме до крајот да намалиме, односно со минус 11 да заминеме на пауза.

Вториот дел мина комплетно во наша доминација, игравме одлично како во нападот така и во одбраната и со 46-26 дојдовме со триумф со кој сонот за ЕП се уште е жив.

Димитријевиќ со 22 поени беше најефикасен, Магдевски додаде 20, а капитенот Стојановски 16 кошеви.

На спротивната страна Спису беше автор на 17 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни