Поврзете се со нас

Англија

Од Манчестер Јунајтед излегоа со став по најавите дека ќе биде раскинат договорот на Роналдо

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека од Манчестер Јунајтед сериозно размислуваат да го раскинат договорот на Кристијано Роналдо.

Причината за тоа било недоличното однесување на португалскиот интернационалец по срамниот пораз против Брентфорд.

Роналдо демонстративно го напуштил теренот по крајот на натпреварот и одбил да сепоздрави со тренерот Ерик Тен Хаг, по што излегоа информации дека од Јунајтед нема да му го простат овој испад.

Сепак, член на „ѓаволите“ за „Скај Спортс“ во кратка изјава истакнал дека нема вистина од најавите дека ќе биде раскинат договорот на 37 годишниот фудбалер.

– Нема никакви промени во позициите на клубот, -изјавил портпаролот на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни