Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед донел конечна одлука во врска со Жером Боатенг

Објавено

на

Вчера излегоа информации дека искусниот германски дефанзивец, Жером Боатенг преку своите претставници се наметнува на Манчестер Јунајтед, клуб кој бил желба на сега веќе поранешниот стопер на Баерн Минхен.

Манчестер Јунајтед неодамна го ангажираше Рафаел Варан, а во составот има уште неколку стопери, па тешко беше за верување дека од клубот ќе ја прифатат „фрлената ракавица“ од играчот и ќе му понудат договор.

Токму тоа го пренесува и Фабрицио Романо кој потврди дека „ѓаволите“ воопшто не ни размислуваат да го ангажираат некогашниот германски репрезентативец.

Боатенг веќе извесен период е слободен агент и се уште не може да пронајде клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

Се верува дека Херта Берлин и ПСВ се сериозно заинтересирани за неговиот потпис, но самиот играч одбивал да потпише за овие клубови надевајќи се на понуда од некој пореспектабилен тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни