Поврзете се со нас

Германија

Од Мајнц со урнебесен „твит“ побараа помош од Јирген Клоп

Објавено

на

Екипата на Мајнц вчера претрпе тежок пораз од Ред Бул Лaјпциг со 5:0, а креатор на победата на гостинскиот тим беше Тимо Вернер.

Одличниот напаѓач постигна три од петте погодоци на Лајпциг и беше вистински херој на гостинскиот тим.

За Тимо Вернер се интересира тимот на Ливерпул кој го посакува во своите редови уште ова лето, а ваквите шпекулации од офијциалниот Твитер профил на Мајнц ги искористија да се пошегуваат на своја сметка.

Имено додека траеше натпреварот, администраторот на профилот побара помош од Јирген Клоп.

– Клопо, ќе го земеш ли веќе? –стоеше во објавата на Мајнц.

Тимо Вернер е вистински кошмар за Мајнц затоа што на двата натпревари оваа сезона постигна по три погодоци во мрежата на поранешниот тим на Јирген Клоп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни