Поврзете се со нас

Англија

Од Ливерпул си оди играчот кој се специјализираше за големи натпревари

Објавено

на

Од Ливерпул досега си заминаа двајца фудбалери, а во слендиот период се очекува да си одат уште неколку кои не беа редовни во тимот на Јирген Клоп.

„Енфилд“ веќе го напуштија Дејан Ловрен и Адам Лалана, а по нивните стапки веројатно ќе тргне и Дивок Ориги.

За белгискиот интернационалец постои сериозен интерес од Астон Вила која е подготвена за него да издвои сума од околу 20 милиони евра.

Ориги не добиваше голема минутажа кај Јирген Клоп, но го доби прекарот „Играч за големи натпревари“ откако беше главниот „виновник“ што Ливерпул стигна до титулата во Лигата на шампионите минатата сезона.

Имено, Ориги постигна два погодоци на возвратниот натпревар против Барселона во кој Ливерпул направи вистинско чудо и со 4:0 се пласираше во финалето во Лигата на шампионите, а потоа во финалето ја затресе и мрежата на Тотенхем.

Сепак, и покрај ваквите екстремно важни голови, Ориги никогаш не доби голема минутажа од Клоп, па сега ќе го напушти „Енфилд“ и веројатно ќе остане во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни