Поврзете се со нас

Англија

Од компанијата на Ретклиф ја потврдија новата понуда за Манчестер Јунајтед, се чека шеикот Јасим

Објавено

на

Најсериозните кандидати за нови сопственици на Манчестер Јунајтед, сепак ќе ја продолжат трката за купување на славниот англиски клуб.

Имено, познатиот бизнисмен од Англија, Сер Џим Ретклиф преку неговата компанија „ИНЕОС“ веќе ја испратил втората понуда откако првичната понуда беше одбиена од семејството Глејзер.

Тоа го потврдија и од самата компанија со кратка порака до јавноста во која посочија дека испратиле подобрена понуда за купување на Манчестер Јунајтед.

Сега се чека истото да го стори и шеикот Јасим кој се очекува понудата да ја испрати во текот на денешниот ден.

Продажбата на Манчестер Јунајтед се уште не е извесна затоа што голем дек од островските медиуми пишуваат дека ниту Ретклиф, а ниту шеикот Јасим не сакаат да ја платат бараната сума од семејството Глејзер која изнесува нешто над шест милијарди фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни