Поврзете се со нас

Македонија

Од катастрофа до гордост: Вуков со 23 престигнувања во една трка!

Објавено

на

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков имаше одличен почеток на третиот натпреварувачки викенд од Порше Карера Куп Италија во Муџело, кога во квалификациите го освои 10. стартно место со само 75 стотинки зад времето на пол позицијата.

Сепак, надежите за висок пласман беа урнисани кога ривалот Стефано Монако го удри веднаш по стартот, а поради скршена вилушка Вуков мораше да се повлече од трката. Тоа пак предизвика уште еден проблем, бидејќи според правилата возачите стартуваат во втората трка согласно позициите освоени во првата, па тој се најде на последното 35. место.

– Разочаран сум бидејќи многу очекував од овој викенд. Ова е втор пат како сум удрен од истиот возач, а стјуардите не го казнуваат. За жал, инцидентите се дел од трките и јас ќе ги насочам сите мисли кон утрешната трка,- изјави популарниот „Рико“.

Иако стартуваше последен, во втората трка Вуков стигна до 12. место, што значеше напредок од 23 позиции. Ако на сето ова се додаде дека половина од трката се возеше зад возилото за безбедност, кога престигнувањето е забрането, резултатот на македонскиот возач добива уште повеќе на тежина.

– Одличен напредок, во бодови како што и беше целта. Голем дел од трката се возеше позади безбедносното возило… многу контакти, дуели.. во превод прљава трка. Интересно беше што стартував преку радио врска, не можев да го догледам семафорот… Добар викенд, задоволен од себе и возилото, нормално очекував топ 5, но некогаш се случува и ова. Следува летна пауза од 2 месеца до Валелунга,- напиша Вуков на официјалниот ФБ профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни