Поврзете се со нас

Англија

Од Фенербахче со официјално соопштение по најавите дека нивниот играч имал договор со Челси

Објавено

на

Од таборот на Фенербахче упатија официјално соопштение како одговор на изјавата на селекторот на репрезентацијата на Унгарија, Марко Роси, кој потврди дека играч на турскиот тим ќе се пресели во Челси.

Роси истакна дека Атила Салаи, кој игра во дефанзивата на Фенер, но е и член на унгарската репрезентација постигнал договор со Челси иуште во јануари ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“.

– Наводите за трансферот на нашиот играч Атила Салаи, кои беа пласирани во јавноста изминативе неколку денови, базирани на странски медиуми, не ја рефлектираат вистината.

– Нашиот клуб не влегол во трансфер преговори за нашиот фудбалер Атила Салаи. Тој продолжува да работи комплетно сконцентриран на исполнување на целите со нашиот тим, -стои во соопштението лиферувано од страна на Фенербахче.

23 годишниот фудбалер игра одлично во дресот на Фенербахче, а своите добри настапи ги пренесува и во дресот на репрезентацијата на Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни