Поврзете се со нас

Германија

Од Борусија Дортмунд со конечен став за иднината на Халанд: Имавме дискусии со Рајола, немам чувство дека..

Објавено

на

Еден од челниците на тимот на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел имаше свое излагање во јавноста во Германија по повод трансфер активностите на клубот.

„Милионерите“ ја потврдија замената на Џејдон Санчо во името на Донјел Мален кој пристигна од ПСВ, а сега од таборот на германскиот тим дадоа и конечен одговор за евентуалното заминување на Ерлинг Халанд.

Младиот фудбалер се поврзува со заминување од Борусија Дортмунд ова лето, но сега стигна и дефинитивна потврда дека тоа нема да се случи и дека Норвежанецот ќе остане на „Сигнал Идуна Парк“ барем уште една сезона.

– Дали Халанд ќе остане ова лето? Да. Во преговорите со Рајола за Мален, немав чувство дека треба да се сретнам со него повторно за да разговараме за Халанд. Не сакаме да го пуштиме да си оди, -изјави Кел.

За Халанд во последно време се интересираше тимот на Челси, но како што стојат работите младиот напаѓач ќе остане уште една сезона во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни