Поврзете се со нас

Македонија

Од Борец се жалат на судењето во Чаир: Судиска лакрдија

Објавено

на

Од таборот на велешкиот клуб Борец се пожалија на како што велат катастрофалното судење на вчерашниот натпревар од ПМФЛ кој го играа како гости во Чаир кај Шкупи.

Од ФК Борец преку официјално соопштение се огласија за лакрдијата што им се случила против Шкупи и како главни виновници за поразот во дерби пресметката ги посочуваат судиите.

Според нив, на полувремето во соблекувалната наменета за судии влегле некои лица по што натпреварот добил сосема поинаков тек.

Во продолжение соопштението на Борец ви го доставуваме во целост:

Она што се случуваше во второто полувреме на стадионот во Чаир,на дербито од ПМФЛ меѓу домашниот Шкупи и Борец,беше вистинска демонстрација на катастрофално судење.Иако не може ништо да смемниме,сепак чувствуваваме за потребно да се огласиме  за да ја запознаеме фудбалската јавност колку неквалитетни судии виреат во оваа наша држава.За жал,нивното незнаење некој скапо го чини,дури ги доведува спонзорите на клубот да се запрашаат зошто го прават тоа и вложуваат средства,за некој да си поигрува со нив.?Ние сме за фер и спортска борба,не за иживување на некој судија како денешниот Крумислав Гергиев,кој како да беше од „небо фрлен“ да суди еден толку значаен  натпревар.Но,за тоа нека се замисли,или пак тоа му беше смислено направено,оној што ги делегира судиите.А,тој не е никој друг,туку Емил Божиновски,кој се устоличи во ФФМ и не може никој да го мрдне.Тој е вистинска „сила“,пред него дури и искусните судии молчат.Од каде толкава моќ кај човекот што искористи се што можеше да се искористи во фудбалот,дури е и делегат на значајни европски натпревари, не знаеме,но едно е јасно дека што поскоро тој ќе мора да ја напушти удобната фотелја,зашто со своиоте делегирања на судии нанесе многу неправди.Ова,ние најубаво го почуствувавме.Еве и примеркако потврда на гореизнесениот факт:на двете последни гостувања против нас беа досудени три пенали-еден во Кратово и дури два непостоечки на денешниот натпревар со Шкупи на Чаир.

 

– По првото полувреме,во кое немаше голови,судиите се „загубија“ и без да ги почитуваат протоколите од Комисијата за заразни болести,составени поради корона вирусот,влегоа во соблекувалната каде беа посетени од преставник на Шкупи по што се смени текот на настаните.Тоа никако не смеја да го сторат. Протоколот е јасен и во него пишува дека и судиите и фудбалерите за време на паузата мора да останат на теренот.И по таа пауза и посетата во соблекувалната,во второто полувреме  се случи  судиска лакрдија-во временски интервал од осум минути беа досудени два пенала против нас!На што асоцира ова -прашуваме и се сомневаме.Тој наш сомнеж дека бевме навистина „наместени“ се потврдува и со фактот дека за првиот пенал,ако постоеше некаков прекршок на наш фудбалер-акцијата во која беше направен прекршокот почна надвор од шеснаесетникот.Дури и прашање е – кој кого фаулираше.

Но,главниот судија Крумислав Георгиев веднаш покажа на  белата точка,а  на нашиот играч му додели  и жолт картон.Но,тоа не беше се – вториот пенал беше досуден со прекршок  врз фудбалер на Шкупи,кој претходно беше во офсајд-позиција!Главниот судија,очигледно, сакаше навреме да го обезбеди домашниот тим,по двата реализирани пенала, мирно и без ни малку да го гризе совеста да дочека да отсвири крај.Примивме уште еден гол од игра,но по се она штоим се случи на нашите фудбалери ,кај кои нормално по ваквикте неправди падна моралот, нема да беше чудно да примиме уште некој,бидејќи судијата ја растури играта,која особено во првото полувреме беше борбена и коректна.

Потсетуваме дека ФК Борец со последните години со многу вложувања, чесна и напорна игра се избори да од трета лига денес се натпреварува во ПМФЛ, а  по сето ова се прашуваме: зошто се играфудбал кај нас и до кога ќе страдаме од судиски режии? Ова,веќе станува традиција,барем што се однесува до Борец.Но,ајде ова ќе мине и ќе се заборави.Номногу полошо е што поради ваквите делители на (не)правда,како денешниот судија,на кој веќе и името не сакаме да му го споменеме, го доведуваат во опасност бркањето на сите чесни спонзори од македонскиот фудбал.

За жал тоа е вистина и во една ваква ситуација,се прашуваме по кои води ќе плива македонскиот фудбал,зашто ова не ни се случува само нам,туку и на други клубови..

– Ние секогаш сме се однсеувале коректно и на крајот спортски сме им подавале рака  на противниците.Тоа го сторивме и денеска на Чаир,иако длабоко во душата,како чемер, ја чувствувавме болката од нанесената неправда.Некои нечесни работи навистина не може да се преболат. Се повеќе прилегаме на длабока фудбалска провинција,во која царуваат оние што за личен интерес се подготвени да го „закопаат“ македонскиот фудбал, -стои во опширното соопштение на велешкиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни