Поврзете се со нас

Германија

Од Баерн со официјален став за конечната одлука на Шпанецот: Чаби е чесен човек и голем господин!

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Чави Алонсо по крајот на репрезентативна пауза соопшти дека донел конечна одлука за својата иднина, а истата е тесно поврзана со Баер Леверкузен и клубот во кој има незаборавни 18 месеци.

Шпанецот смета дека има недовршена работа на „Бај Арена“ и се обврза на верност кон актуелниот клуб, па со тоа автоматски ги затвори вратите за трансфер во Баерн Минхен и Ливерпул.

Двата големи великани дознаа дека ќе мораат да барат нови тренери на друго место, а од Баерн веќе некое време биле свесни дека Чаби нема шанси да пристигне на „Алијанц Арена“, порадишто веќе контактирале други кандидати.

– Конечната одлука на Чаби Алонсо не влијаеше негативно врз нас, бидејќи веќе некое време бараме тренер на друго место. Чаби е чесен човек и вистински господин!

– Го познавам од времето кога бев во Борусија Менхегладбах, преговаравме со него додека беше во Реал Сосиедад. Знам како реагираше тогаш и затоа ми беше јасно дека тој нема да мрдне од Леверкузен претстојново лето, – вели спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни