Поврзете се со нас

Германија

Од Баерн ја потврдија својата позиција во трката за ангажман на Каи Хаверц

Објавено

на

Поранешниот претседател на Бааерн Минхен и сегашен почесен член на управата на клубот, Ули Хенес даде јасен коментар за тоа дали „баварците“ ќе влезат во трансфер трка со Челси за ангажман на Каи Хаверц.

Коментарот на искусниот Хенес им даде ветер во грб на Англичаните кои притискаат за ангажман на фудбалерот на Баер Леверкузен.

Имено, Хенес изјави дека Баерн Минхен нема да носи нови големи засилувања и дека Лерој Сане ќе биде единствениот скап трансфер ова лето, притоа нагласувајќи дека нема да влезат во трката за потпис на Хаверц.

– Сигурен сум дека по Лерој Сане нема да има големи трансфери оваа година. Нема ништо спорно со квалитетот на Каи Хаверц, сите ние мислиме дека е многу, многу добар играч.

– Но во периодот од коронавирусот и по трансфер од речиси 50 милиони евра, не можам да замислам трансфер од 70, 80 милиони или повеќе, освен ако не добиеме пари од продажба на играчи, -изјави Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни