Од бадникарска паричка до главна премија вредна 300.000 денари!

Dijamant 300 000

Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија на Македонија израдува двајца млади скопјани со награда вредна 300.000 денари.

Девојката која добила паричка на Бадник купила два лоза, но нејзиниот бил недобитен , додека лозот што го изгребал нејзиното момче им донел голема добивка. Среќата и добивката им ја донел симболот (прстен) кој им отворил поле за добивка вредно 300.000 денари.

Двајцата млади и онака веќе планирале патување во Тајланд, беа пресреќни бидејќи и парите од добивката ќе им послужат за покомотно и повозбудливо патување. Инаку момчето е редовен играч и постојано гребе по некој лоз, а девојката за разлика од него само понекогаш знае да купи по некој лоз. Овој пат „Дијамантот“ им се посреќи и им ја донесе најголемата добивка од овој инстант лоз.

Инаку, инстант лозот „Дијамант“ покрај 15-те добивки од по 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува.

Дијамант е член на семејството на инстант лотаријата од 18.10.2017 година и веќе донесе многу возбудливи, добитни и интересни приказни.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !

Facebook Коментари