Поврзете се со нас

Свет

Очоа се преселил во Португалија за да го собори мундијалскиот рекорд

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/afs_viladasaves

Искусниот мексикански голман Гилјермо Очоа не успеа да и помогне на Салернитана да обезбеди опстанок во Серија А, а сезонава ќе настапува за португалскиот тим Авеш.

39-годишниот Очоа е оптимист дека со настапите во Португалија ќе остане во конкуренција за настап во националниот тим и ќе може да биде дел од следното светско првенство.

Доколку тоа му успее, за Очоа тоа ќе биде шести мундијал по ред, нешто што досега не успеал да направи ниту еден фудбалер во историјата.

Селекторот Хавиер Агире не го повика ветеранот за септемвриските настапи на Мексико, но Очоа не се предава и се надева дека ќе биде во составот.

Досега четворица Мексиканци имаат настап на пет светски првенства, а Очоа може да биде прв со шест мундијали во 2026 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни