Поврзете се со нас

АТП

Очајниот Циципас загуби од 87. тенисер на светот

Објавено

на

Стефанос Циципас веќе некое време е далеку од посакувата форма, ритам на играч за највисоки дострели, а дека постои одреден проблем добивме уште една потврда вечерва затоа што тој доживеа елиминација уште во второто коло на Вимблдон.

Гркот беше поразен од 87. тенисер на светот Емил Русувуори со 3-1 во сетови. Помалку од три часа траеше оваа пресметка која заврши со 7-6 7-6 3-6 6-3, односно со овој триумф Финецот за прв пат во кариерата успева да дојде до трето коло на грен слем турнир.

За разлика од Циципас, германскиот ас Саша Зверев лесно дојде до следната фаза во пресметката со Маркос Гирон кого го совлада со 6:2, 6:1, 6:4 по само 94 минути игра.

Од позвучните имиња втората рунда ја минаа Фриц и Руне, а елиминиран беше Русинот, Хачанов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни