Свет
Обвинителството во Аргентина сподели нови докази: Личниот доктор на Марадона му го фалсификувал потписот (Фото)

Речиси два месеци по неговата смрт, Диего Армандо Марадона и натаму е многу актуелен за обвинителството во Аргентина, бидејќи условите во кои починаа отворија многу сомнежи, а воедно и истрага од која дел се и многу негови блиску луѓе со кои секојдневно комуницираше.
Еден од најпогодените во целиот овој неочекуван расплет е неговиот личен доктор Леополдо Луке, кој сега и официјално е обвинет за една тешка проневера, или поточно, фалсификување на потпис за да добие документи до кои немал пристап.
Обвинителството во Сан Исидро го води целиот случај со легендарната „10-ка“ на Аргентина и денеска оттаму пристигна информација дека се потврдиле нивните сомнежи, односно докторот Луке го фалсификувал потписот на Марадона за да ја добие неговата целосна лекарска историја на 1-ви септември 2020-та година, неколку месеци пред неговата смрт.
– Трите документи кои беа најдени, откриваат нешто очигледно, а тоа е многу валкано. Само потврдивме дека се работи за тоа во што се сомневавме, фалсификација на потписот на Марадона, – гласи соопштението на обвинителството.
Леополдо Луке е еден од луѓето кои сериозно се гонат за небрежно делување и извршување на својата лекарска дејност во последните денови од животот на Марадона, а како ќе заврши цел овој скандал за познатиот неврохирург кој му ја направи и последната операција на Марадона, ќе покаже само времето.

- Италијапред 22 часа
Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ
- НБАпред 22 часа
НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)
- Францијапред 23 часа
Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)
- Светпред 20 часа
Сопругата на Мамаев јавно го обвини фудбалерот дека ја изневерувал на подготовките во Шпанија
- Италијапред 24 часа
Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино
- Шпанијапред 22 часа
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!
- Шпанијапред 21 час
Куман за чудесната рехабилитација на својата млада ѕвезда во тимот: Некои работи не можат да се објаснат
- Формула 1пред 23 часа
Сината боја доминира на болидот на Алпин, Алонсо ја пропушти промоцијата