Поврзете се со нас

Евролига

Обст се „запали“ и постави нов тројкашки рекорд, Барселона се посрамоти во Минхен (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/EuroLeague

Баерн Минхен е едно од најпријатните изненадувања во досегашниот тек на оваа сезона во Евролигата, тим кој со учинок 8-3 е при самиот врв во ова натпреварување.

Последната победа беше забележана вечерва и тоа во пресметката со Барселона во Минхен, средба која домаќините ја реализираа со 100:78. Баварците ги добија сите четири четвртини, а еден нивен играч се најде во фокусот на вниманието-тоа е германскиот репрезентативец Андреас Обст.

Обст имаше луд натпревар и постави нов рекорд во Евролигата по погодени тројки. Тој погоди дури 11 шутеви од далечина и со тоа изби на првото место на вечната листа кога е во прашање оваа категорија оставајќи ги зад себе Шејн Ларкин, Ендрју Гаудлок и Маркус Ериксон (10).

Андреас заврши со 34 поени, зад него беше Едвардс со 25 кошеви. Кај Барса која покажува многу слабости Паркер беше автор на 26 поени.

На првиот денешен меч Жалгирис го одби актуелниот европски првак Панатинаикос со 84:77.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни