Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Обрван пред дуелот со Вардар: Тие се тим со многу „легионери“, ние имаме поинаков концепт

Објавено

на

Македонскиот првак Вардар утре му гостува на ППД Загреб во Лигата на шампионите, а за двете екипи бодовите се посебно важни во обидот да напредуваат на табелата во групата.

„Црвено-црните“ се во негативна серија, но имаат бод повеќе од хрватскиот ривал, додека домаќините се надеваат дека со победа ќе го прескокнат регионалниот ривал.

Тренерот Ивица Обрван на денешната прес-конференција го потенцирал различниот концепт на двете екипи.

– Ова ќе биде многу тежок натпревар меѓу две екипи кои добро се познаваат и во минатото имаат одиграно интересни дуели.

– Шансите за победа се подеднакви иако ние сме домаќини, а ние се надеваме дека ќе ја искористиме подобрата форма во моментов.

– Се работи за екипи со различен концепт. Едниот е тој на тим со странци-легионери, ако сите 12 странци се способни да играат, сите ќе бидат во составот, така функционира Вардар изминативе години. Ние сме хрватски концепт со еден странец и две момчиња од БиХ, останатите се домашни перспективни ракометари. Се надевам дека ќе може да им подариме победа на фановите за празниците, – изјавил Обрван.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни