Поврзете се со нас

СЕХА лига

Обрван: Ова е голема разлика, нема да биде лесно…

Објавено

на

Тимот на ППД Загреб иако најавуваше не успеа да оствари позитивен резултат на првата средба со Вардар во четвртфиналето на СЕХА регионалната лига.

Македонскиот претставник во дуелот кој донесе тврда, машка, борбена игра се избори за триумф од 24-20 со што направи значаен исчекор кон пласман на завршниот турнир во Задар.

„Плинарите“ од Загреб дефинитивно се разочарани од конечниот резултат и разликата од четири гола со оглед на тоа што во последниот напад не го одиграа она што се договорија, па се отвори контра која пред звукот на сирената ја заврши Анте Кудуз за голема радост на присутните гледачи во СЦ „Јане Сандански“.

-Ова е голема разлика во ваков натпревар со малку погодоци. Штета за нас што не постигнавме гол на нашиот последен напад. Имавме договор дека доколку не успееме да постигнеме гол, нема да примиме, но се се распадна. Не беше добар натпревар за двете екипи, ама сепак верувам дека се е отворено. Нема да биде лесна задача да се достигне оваа гол разлика, -рече тренерот на Загреб, Ивица Обрван.

Кај „црвено-црните“ одличен беше Анте Кудуз со 7 голови. Тој им се заблагодари на навивачите за кои смета дека биле ветер во нивниот грб, а притоа порача дека на реваншот треба да се однесуваат како резултатот да е оној почетниот.

-Беше фантастично е да се игра пред навивачите во салата. Одлично чувство. Тие беа ветер во нашиот грб. Одигравме навистина добар и тежок натпревар. Не игравме како што сакавме од време на време, но сепак секојпат се враќавме. Ништо не е готово! Ќе одиме во Загреб и ќе играме како резултатот да е 0-0, -порача бекот на вардарци.

Реваншот во Хрватска е закажан за 31 август од 20 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни