О’Браниген за Начевски и Николов: Моите пријатели од Македонија испишуваат историја

Slave_Nikolov-Gjorgji Nacevski

Популарниот коментатор на ЕХФ ТВ, Том О’Браниген, детално ги следи случувањата на Европското ракометно првенство кое викендов ќе биде заокружено со финалето во Шведска.

Ирецот вечерва на социјалните мрежи ја сподели и информацијата за назначувањето на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов за арбитри на големото финале во Стокхолм, нагласувајќи ја сличноста меѓу 2020 и 2002 година, кога исто така во Стокхолм се играше финале на Европското првенство, а правдата ја делеа таткото на Ѓорѓи, Драган Начевски и Марјан Начевски.

Facebook Коментари