О’Бранаган го дочека Вардар со дополнителен мотив: Конечно се фотографирав со… (Фото)

Tom Obranagan

Познатиот ЕХФ коментатор, Том О’Бранаган во свој стил го одбележи дербито меѓу Барселона и Вардар во машката ракометна Лига на шампиони, кое во случајов им припадна на домаќините.

Пред да го коментира натпреварот за ЕХФ ТВ, харизматичниот Ирец реши да се пошегува на своја сметка, па на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со вардаровиот џин, Даинис Криштопанс.

– Конечно дојдов до фотографија со Криштопанс. Многу сум среќен, – напиша О’Бранаган.

Facebook Коментари