Поврзете се со нас

Евролига

Обрадовиќ за клучниот момент во Мадрид: Инсистирав да одлучува Пантер

Објавено

на

Партизан оствари голема победа над Реал Мадрид во првата пресметка од нивната плејоф серија во Евролигата, а Кевин Пантер уште еднаш беше херој на српскиот клуб.

Американецот погоди тешка тројка во последната секунда и ги израдува фановите на „црно-белите“, а по натпреварот тренерот Жељко Обрадовиќ открил каков бил планот за тој последен напад во кој Партизан имаше поен негатива.

– Барав Пантер да одлучува.

– Тоа не е првпат, се надевам нема да биде ни последен.

– Сето ова е благодарание на фактот што посветено на работи на шутот, до бесконечност, за него ова се претвори во автоматизам. Ова е и потврда за мојата одлука пред почетокот на сезоната тој да биде капитен, – рекол Обрадовиќ.

Партизан направи брејк на првата средба, а втората се игра утре исто така во Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни