Поврзете се со нас

Евролига

Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан славеше во вечното дерби со Црвена Звезда (79-78) нивно второ во Евролигата по што двете екипи од Белград сега имаат идентичен учинок (10-11) во досегашниот дел од кампања.

„Црно-белите“ со ова му се одмаздија на вечниот ривал, но без разлика на триумфот тренерот Жељко Обрадовиќ не беше докрај задоволен, па во свој стил порача:

-Не сум задоволен. Да, победивме, ама сме премногу глупави, многу вакви натпревари ги изгубивме. Им благодарам на навивачите. Партизан е борбен тим, но имаше многу грешки, -порача Обрадовиќ за „Спорт Клуб“.

Обрадовиќ по се изгледа беше лут што неговата екипа прими тројка од Немања Недовиќ во последната секунда, тројка со која Звезда дојде до подобар меѓусебен дуел што може да биде пресудно на крајот на сезоната ако има израмнета  трка за плејофот.

Партизан и се одмази на Звезда во второто дерби во Евролигата (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни