Поврзете се со нас

Евролига

Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан им се врати на победите и сега има биланс од 13:12 во Евролигата, натпреварување во кое значително ја подобри формата и во кое успеа да се искачи до местата кои носат плеј-ин разигрување.

Српскиот великан вчера ја победи Виртус Болоња во Италија со резултат 71:81, а оние што го гледаа натпреварот во пренос во живо на „Спорт Клуб“, се изнасмеаја на уште еден „бисер“ на Жељко Обрадовиќ.

Легендарниот српски стручњак е познат по својот темперамент и бурните реакции кои ги има за време на тајм-аутите, па овојпат на тапет се најде неговиот помошник.

Иако камерата не го улови дадениот момент кога Жељко му вика на својот помошник, српските медиуми ексклузивно пренесоа дека тренерот беснеел на Богдан Караичиќ.

– Ало, немој да те удрам со оваа табла по глава…… Дали си ти нормален, дали си нормален ало….., – се слушаше во ТВ преносот.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни