Поврзете се со нас

Европски купови

Обрадовиќ: Спортинг е интересна екипа, но можеме да го освоиме Лисабон

Објавено

на

Еурофарм Пелистер врза три натпревари без пораз во Лигата на Европа и поради тоа во одлична атмосфера ќе го дочека утрешниот меч од 5. рунда против Спортинг.

Клубот од Лисабон во моментов е прв во групата Д со 6 освоени бодови што значи дека „фармацевтите“ со триумф можат да дојдат до водечката позиција. Битолчани ги знаат силните страни на ривалот како и слабостите, па се оптимисти и веруваат дека со позитивен резултат ќе се вратат во Македонија.

-Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме спремни и дека нема да играме во Лисабон на победа. Цел ни е да им ги одземеме тие таканаречени лесни голови и полуконтрата. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода, -вели бекот Немања Обрадовиќ.

Инаку Пелистер играше против Спортинг пред две години и тоа во ЛШ, два средби на кои претрпе порази од 36-26 и 30-29.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни