Поврзете се со нас

Балкан

Обрадовиќ со порака: Партизан повторно ќе има добар тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан не се прослави во претходнава сезона во која остана без пехарите во најзначајните натпреварувања во нив, а потфрли и во Евролигата каде иако се имаше амбиците да се влезе во плејофот на крајот тимот не дојде ниту до плејин фазата.

Големи промени се случуваат во „црно-белиот“ табор, доста играчи се заминаа меѓу нив и оние клучните како што беа Пантер, Ледеј, но клубот формира нова група за која тренерот Жељко Обрадовиќ е убеден дека ќе биде успешна.

-Тоа е нешто на што сум многу горд минатата сезона, секогаш имавме полна сала. Ние сме тим кој е следен не само во Евролигата, туку и во целиот свет. Имавме повеќе гледачи од кој било друг. Тоа значи дека тие се секогаш со нас и сигурен сум дека ќе продолжат да го поддржуваат тимот.

-Ќе направиме добар тим, иако сега немаме многу играчи во нашиот ростер, но сигурен сум дека претседателот Остоја Мијаиловиќ, Зоран Савиќ, нашиот спортски директор и јас со стручниот штаб ќе направиме се што е потребно Партизан ќе биде на нивото што сите го посакуваме да биде, -порача Обрадовиќ.

Клубот од Белград досега ги доведе Вања Маринковиќ, Габриел Лунберг и повремениот француски репрезентативец, Франк Ентиликина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни