АБА лига
Обрадовиќ шокиран од поразот на Партизан, признал дека не знае каде му е еден кошаркар

Партизан доживеа три врзани порази во Евролигата и елиминација од Реал Мадрид, а вчера ситуацијата кај „црно-белите“ кулминираше со неочекуван пораз од СЦ Дерби во плејофот на АБА лигата.
Тренерот Жељко Обрадовиќ не го криел разочарувањето од своите играчи, посебно во решавачките моменти од натпреварот.
– Уште во најавата на натпреварот реков дека секогаш добро се подготвуваат за нас, а ние влеговме лежерно во мечот и затоа загубивме.
– Неверојатен е фактот дека беше 11:4 во последните минути, кога се кршеше резултатот. Со нашето искуство, тоа е невозможно, ни даваа кошеви со дополнителен прекршок. Сега мораме да се избориме за гостинска победа и да ја вратиме серијата во Белград, – рекол Обрадовиќ.
Интересно е што најтрофејниот тренер во Европа немал конкретно објаснување за отсуството на Тристан Вукчевиќ.
– Вукчевиќ е во Америка, не знам точно каде. Добил дозвола од клубот да замине и тоа е единствено што знам, – вели тренерот на Партизан.
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 12 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 13 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 15 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 11 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 9 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 16 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 7 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)