Поврзете се со нас

Евролига

Обрадовиќ проговори за ремонтот на играчкиот кадар на Партизан: Остана само еден играч од разни причини

Објавено

на

КК Партизан го претстави тимот за сезоната 2024/25, а тренерот на црно-белите Жељко Обрадовиќ за „СпортКлуб“ зборуваше за ремонтот на тимот, но и за главната цел кон која се стреми клубот од Хумска.

Партизан на необичен начин ги претстави играчите за претстојната сезона. „Црно-бела симфонија“ се одржа во салата на МТС, каде концерт одржа и Белградската филхармонија, а Жељко Обрадовиќ не го криеше воодушевувањето по спектаклот.

Конечно проговори и за ремонт на тимот.

„Кога заврши претходната сезона, пред нас имавме ситуација во која требаше да реагираме на најдобар можен начин. Сплет на околности доведе до создавање на овој тим, до тоа што многу играчи си заминаа, а остана само еден – од различни причини, кои во овој момент не би сакал да ги набројувам, – изјави Обрадовиќ, мислејќи на Балша Копривица.

– Факт е дека реагиравме и донесовме играчи кои мислиме дека можат да бидат тоа што сакаме како тим. Така се однесувавме. Гледавме огромен број играчи, а многу други клубови ги гледаа истите играчи – пазарот е таков. На крајот се одлучивме за овие момци кои се тука“, јасен беше Обрадовиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни