Поврзете се со нас

Евролига

Обрадовиќ по дербито без инциденти: Ако може во Евролигата, значи АБА мора да промени нешто

Објавено

на

Црвена Звезда победи на евролигашкото белградско дерби со Партизан, а тренерите на двете екипи беа задоволни и што натпреварот мина без инциденти.

Вообичаено е белградското дерби да биде зачинето со инциденти и празнење на трибините, но вчера се помина во знакот на кошарката и драматичниот финиш.

Тоа го истакна и Жељко Обрадовиќ, кој истакнал дека очигледно АБА лигата треба да промени одредени работи во однос на организацијата.

– Многу ми е драго што не се случи ништо, тука беа и навивачите на Звезда.

– Значи дека може ако се работи како што треба, не смее да има место за хулигани во салата.

– Цела Европа виде дека ништо не се случи, прашањето е зошто не е вака во АБА лигата. Ги замолив навивачите на Партизан да нема инциденти, испративме убава слика во Европа, мора заеднички да ги исфрлиме хулиганите, – изјавил тренерот на Партизан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни