Поврзете се со нас

Македонија

Обрадовиќ: Пелистер е клуб со голема традиција, ако „Чкембари“…

Објавено

на

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Пелистер досега ангажираше шест засилувања за новата сезона, а еден од нив е српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ.

Ова за бекот е враќање во Македонија со оглед на тоа што во сезоната 2016/2017 беше дел од Металург. Обрадовиќ е свесен за амбициите кои ги Пелистер кои според него ќе можат многу полесно да се остварат ако на трибините е навивачката група „Чкембари“.

-Еурофарм Пелистер е клуб со голема традиција и амбиција и секоја година го забележувам напредокот. Минатата сезона нијанси решаваа. Среќата во спортот често е пресудна. Верувам дека оваа сезона можеме подобро да се претставиме. Нè има повеќе и ќе има повеќе ротации, но ќе има и повеќе натпревари.

-Коронавирусот го промени спортот. Навивачите во Битола се многу важен фактор. Сите знаат дека фановите тука се многу страствени и живеат за овој спорт. Ако ги имаме како поддршка на трибините, тоа ќе биде голем плус за нас, -порача Немања кој во новата средина дојде од ППД Загреб.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни