Обрадовиќ откри во каква состојба е Нанали по хорор падот кој ги згрози кошаркарските фанови (Видео)

nunali-1

Фенербахче во крајно изедначен натпревар успеа да ја победи Басконија во Истанбул славејќи со 79:74, но сепак овој натпревар ќе се памети по хорор сцената на паркетот кога сите фанови во „Улкер арената“ се молеа за здравјето на Џејмс Нанали.

Играчот на Фенербахче имаше ужасно приземјување по едно забивање и падна директно на вратот, а молкот во салата и исплашените лица на фановите дополнително ги згрчија играчите на теренот кои не можеа да поверуваат што видоа. Нанали беше брзо изнесен на носилки и експресно испратен во болница, а за среќа, оттаму пристигнаа крајно позитивни информации за здравствената состојба.

Со оглед на тоа што станува збор за специфичен дел од телото, фановите почнаа да стравуваат и од најлошото, но за среќа, на крајот се остана само на незгоден пад без сериозни последици и тешки повреди. Жељко Обрадовиќ по крајот на мечот објасни во каква ситуација е Нанали, а на интернет се појави и видео од болницата во кое се гледа дека играчот е во навистина позитивно расположение по претрпениот шок.

– Добра вест е тоа што Нанали е добро. Тој може да зборува и свесен е за се околу него. Отворен е за зборување и нема сериозни повреди. Можеби ќе остане во болница за да се направат потребните контроли, но тоа не е воопшто важно, – истакнал Обрадовиќ.

Во продолжение погледнете го видеото од болницата на кое се гледа дека Нанали навистина е во добра состојба по падот кој ги занеми сите во Истанбул…

Facebook Коментари