Поврзете се со нас

Европски купови

Обрадовиќ одржа уште еден тај-аут во негов стил и стана хит во кошаркарските кругови (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Партизан за прв пат сезонава почувствува како е да си поразен и тоа на гостувањето кај МораБанк Андора во Еврокупот.

Шпанскиот претставник одигра квалитетен меч пред се во одбраната и со резултат 61-60 дојде до голем триумф против „црно-белите“ кои сезната важат за еден од најголемите фаворити за пехарот во ова натпреварување.

Ваквиот резултат, неизвесност донесе тензија, нервоза, а во такви ситуација тука е Жељко Обрадовиќ кој знае како да ги подбере соиграчите.

Овојпат тоа не вроди со плод, меѓутоа тајмаутот на популарниот Жоц при кој тој им се обрати на играчите особено на Алекса Аврамовиќ веднаш стана хит на социјалните мрежи, кошаркарските медиуми и меѓу фановите.

-Што играме во одбрана? Алексааааа… можеш ли барем еднаш да ја додадеш топката, -викаше Обрадовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни