Поврзете се со нас

АБА лига

Обрадовиќ: Кошарка не се игра само со пет играчи…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Екипата на Партизан успешно го реши тешкото гостување во Подгорица кај Будуќност во АБА лигата, победа од 89:83 со која сигурно е обезбедно второто место на табелата во ова натпреварување.

„Црно-белите“ и на овој дуел си имаа свои добри и лоши моменти, ама она што е позитивно за нив е враќањето на Зек Ледеј кој беше прв стрелец со 22 поени.

-Атмосферата беше извонредна, а мечот одличен. Им благодарим на сите во Будуќност за дочекот. Натпреварот го решаваа нијанси, една, две топки, буквално детали. Објективно клучна беше тројката и одлична одбрана на Ледеј. Тој многу ни недостасуваше на претходните пет натпревари. Сепак, тој може многу подобро како и сите играчи во тимот. И Будуќност одигра одличен натпревар и навистина мислам дека љубителите на кошарката можеа да уживаат, -истакна тренерот Жељко Обрадовиќ кој најави соодветна подготовка за Алба Берлин, меч кој од клучно значање за Партизан во Евролигата.

-Следува Алба, а кошарката не се игра со пет играчи, како што беше случајот со Олимпијакос. Играчите мора да разберат дека кошарката не е само давање поени, има многу елементи и детали кои влијаат на епилогот од играта. Веќе закажав тренинг за утре наутро и ќе работиме токму на тоа, да ги подготвиме деталите, да дојдеме до решение, да дојдеме до ситуација да не играме само со пет играчи. Сега фокусот е на пласманот во нокаут фазата од Евролигата, а она што можам да го ветам во моментов е дека ќе дадеме се од себе, -подвлече предводникот на клубот од Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни