Поврзете се со нас

Македонија

Обрадовиќ ќе го засили Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Немања Обрадовиќ следната сезона ќе настапува во редовите на Еурофарм Пелистер, објави денеска битолскиот ракометен прволигаш.

Левиот бек потпишал едногодишен договор со Еурофарм, доаѓа од ППД Загреб, а за него ова ќе биде и враќање во Македонија, каде веќе го носеше дресот на Металург.

Српскиот ракометар акумулираше сериозно искуство бидејќи во меѓувреме беше член и на Висла, Мешков Брест и ППД Загреб.

За српската репрезентација има 20 настапи и 26 постигнати голови.

Еурофарм Пелистер очигледно и следната сезона ќе има големи амбиции во домашното првенство и европските купови, па ангажманот на Обрадовиќ е потврда дека ќе се надградува актуелниот тим со квалитетни ракометари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни