Поврзете се со нас

Свет

Обрадовиќ индиректно го критикува Јокиќ: Видовте ли што направија Американците?

Објавено

на

Жељко Обрадовиќ се врати на клупата на Партизан и како најтрофеен европски тренер ќе се обиде да придонесе за многу подобри резултати на белградските „црно-бели“.

Српскиот стручњак е познат по својот авторитет, но и јасни ставови за одредени прашања, а во последното интервју зборувал и за одлуката на дел од големите ѕвезди да не настапуваат за својата репрезентација на последната Олимпијада.

Кога е Србија во прашање, главен хендикеп беше одбивањето на Никола Јокиќ да настапи на квалификацискиот турнир, по што Србите не ни обезбедија пласман во Токио.

– Факт е дека сите треба да си размислат за примерите, каков што беше тој со американската репрезентација и тројцата играчи кои беа дел од НБА финалето.

– Само еден ден откако завршија со обврските кон своите клубови, тие се качија во авион, и се приклучија на репрезентацијата во Токио и станаа олимписки шампиони. Значи само еден ден откако играа финале, тука за мене почнува и завршува секој муабет на оваа тема, – изјавил Обрадовиќ кој го потенцираше примерот на Мидлтон, Холидеј и Букер кои беа дел од финалната серија меѓу Милвоки и Феникс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни