Поврзете се со нас

Евролига

Обрадовиќ импресиониран: Чудо, ова никогаш не сум го доживеал

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан го одбрани домашниот терен и оствари значајна победа над Басконија (87:83) во Евролигата, победа со која ја продолжува борбата за плејин фазата во ова натпреварување.

„Црно-белите“ имаат и подобар меѓусебен учинок во дуелите со шпанскиот претставник што е уште една добра вест за нив, резултат со кој задоволен беше и тренерот Жељко Обрадовиќ.

-Тежок натпревар. Пред натпреварот разговаравме за тоа како игра Басконија. Се обидуваат да трчаат, многу шутираат за три поени. Среќен сум што нивниот процент за шут за три поени не беше како на некои претходни натпревари.

-Уште еднаш нашите навивачи создаваат чудо, лојалност, што е… Енергијата што ја даваат, никогаш не сум ја доживеал. Реков дека шутираат многу тројки, имаат добар процент. Тоа беше клучот на играта, да не дојдат до такви проценти и толку обиди. Хауард шутна 11 пати, имал натпревари каде шутирал 22 пати, сето тоа е производ на начинот на кој тие играат. Сите освен Коцар се способни да шутираат за три поени. Имавме одлични периоди, имаше и периоди во кои лесно го губевме водството. Им дозволивме да се вратат. Имаа шанса да се вратат, среќа го имавме тој напад на два разлика, Пи-Џеј ја презеде одговорноста и постигна кош. Кога играчите имаат самодоверба, понекогаш топката влегува, -истакна Обрадовиќ кој го искоментира потегот пред натпреварот кога на табла  „потпиша“ договор што го посакуваат црно-белите навивачи.

-Дали некој треба да објасни нешто? Мојата најголема желба… Јас сум најсреќниот човек овде. Преживеав многу, толку години бев тренер, бев и играч. Од Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Тревизо, Бенетон, Панатинаикос. Работев секаде со голема желба. Оваа посветеност и она што се гледа овде е неверојатно. Само можам да ви се заблагодарам. Секогаш ќе повторувам едно, треба да бидеме шампиони и во однесување. Треба да се создаде атмосфера, но без да се навредува никого.

-Реков и пак кажувам. Фер-плејот е важен. Нашите навивачи се феноменални. Тие продолжуваат да ни бидат ветер во грб. Не зборувам само за Арена, каде и да играме на страна, имавме свои луѓе. Доаѓаат и од Италија, сами ги слушнавте. Со сето ова што го правиме, создаваме нови генерации навивачи на Партизан. После секој натпревар ме чекаат 200-300 деца и нивните родители, имам трпение на сите да им посветам внимание. Се чувствувам фантастично овде. Ќе направам се за да останам во Партизан, се додека имам желба. И тука не е идеално, никаде не е идеално. Но, каде постои идеално? Не сум сигурен дека Елдорадо постои. Се борите со сите проблеми што ги имате. Се надевам дека ќе најдеме начин и дека оваа приказна во Евролигата ќе ја продолжиме најдобро што можеме, -заклучи Србинот.

Наредната средба за Партизан е против актуелниот лидер и шампион, Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни