Поврзете се со нас

Свет

Обрадовиќ и Фенербахче ги завршија преговорите, конечната одлука ќе биде позната наредната недела

Објавено

на

Најдобриот европски стратег, Жељко Обрадовиќ изминативе седум години го води турскиот прволигаш Фенербахче, но се уште не е познато дали тоа ќе го прави и во наредниот период, сезони.

Имено двете страни седнаа на преговарачка маса во претходниве денови, во меѓувреме се појавија и шпекулации во јавноста за можниот исход, но дефинитивно повеќе на оваа тема ќе се знае во текот на наредната седмица кога и ќе биде соопштена конечната одлука.

-Преговорите за новата сезона помеѓу тренерот на тимот, Жељко Обрадовиќ и претседателот Али Коч завршија. Нашиот ценет тренер Обрадовиќ денеска го напушти Истанбул и ќе ја објави својата одлука во клубот на почетокот на следната недела, откако ќе разговара за сè со семејството. Ние во согласност со тоа ќе ја известиме јавноста за неговата одлука во наредните денови, -истакнаа од Фенербахче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни