Евролига
Обрадовиќ ги посочи причините за поразот на Партизан во Евролигата

Екипата на Партизан со пораз ја отвори натпреварувачката 2024/2025 во Евролигата и тоа пораз во Шпанија од Басконија со 88:82.
„Црно-белите“ играат тешко на овој терен во Виторија, но беа добри во првиот дел за да во вторите 20 минути покажат слабости кои домаќинот воден од своите навивачи знаеше да ги искористи и дојде до позитивен резултат.
Предводникот на Партизан, Жељко Обрадовиќ го анализираше натпреварот и според него детали биле пресудни за тоа кој истиот ќе го добие.
-Добар натпревар, мислам дека мали работи го решија натпреварот. Три пати во транзиција не ја искористивме топката како што треба за да постигнеме поени, а Басконија погоди на крајот од нападот четири пати и тоа беше главната разлика на овој меч.
-Дејвис одигра добар натпревар. Одлучија мали детали, во транзиција не требаше да ги дозволиме тие шутеви во последните моменти од нападот, Басконија даде три шута за три поени. Примивме многу поени во вториот дел. И тоа се причините поради кои на крајот го загубивме натпреварот. Одбраната беше таква што имавме само еден или ниту еден фаул и дозволивме лесни кошеви. Сè друго беше коректно. Ова е само прв натпревар, се враќаме на работа, -порача Обрадовиќ.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон