Обрадовиќ и Фенербахче нема да го пуштат Антиќ да игра за Македонија

antic so kolegite

Искусниот македонски ас, Перо Антиќ изрази подготвеност да се врати во националниот дрес и да им помогне на своите колеги во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2019 година нормално ако се мине првиот циклус и успешно се заврши мисијата Косово и Естонија.

Меѓутоа и ако тоа се реализира тешко дека Антиќ ќе може да му се стави на располагање на тренерот Јорданчо Давитков ако во меѓувреме не ја промени клупската средина и остане во Фенербахче.

Причината е добро позната, војната меѓу Евролигата и ФИБА, па Фенербахче и тренерот Жељко Обрадовиќ немаат намера да ги пуштаа играчите да играат за репрезентацијата во термините во ноември, февруари и јуни кога е во тек најелитното европско натпреварување.

-Евролигата не планира да прави пауза во натпреварувањето. Ние мораме да го пратиме нејзиниот ритам и да играме како што досега тоа го правевме. Зошто НБА играчите немаат обврска да играат за своите репрезентации, а играчите кои настапуваат во Евролигата мораат? Тоа е одлука на играчите кои ги плаќаат клубовите. На пример што се случува кога играч ќе замине на десет дена и се повреди? Што тогаш? Секако никој не сака тоа да се случи, меѓутоа кој ќе ги плати тие пари? Тоа е многу важно прашање? Луѓето кои ја сакаат Евролигата треба да разговараат за ова прашање. Играчите исто така треба да сфатат дека е добро за нив да создадат синдикат. Да бидат тие кои сами ќе носат одлуки. Секогаш ќе ги бранам моите играчи. Ние во Фенербахче знаеме што да правиме по повод новонастаната ситуација. Нема да ги пуштиме играчите да играат за репрезентација, -рече Жељко Обрадовиќ.

Facebook Коментари