Поврзете се со нас

Свет

Обрадовиќ доби отказ од Монако

Објавено

на

foto:x.com/ASMonaco_Basket

Српскиот кошаркарски стручњак, Саша Обрадовиќ заработи отказ од францускиот прволигаш Монако.

Обрадовиќ е прв евролигашки тренер во оваа сезона која ја губи работата, односно управата се реши на ваков потег откако клубот доживеа шокантен пораз од Ле Ман во францускиот шампионат каде екипата има скромен учинок од 5-3 што секако е под сите очекувања.

Ова за Саша беше втор мандат на клупата на Монако во кој му донесе две лигашки титули на составот од малото кнежество, но и историски настап на завршниот фајналфор турнир во Евролигата.

Привремено решение на клупата ќе биде Манучар Маркоишвили.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни