АБА лига
Обрадовиќ: Дали имаме обврска да победуваме по 20 поени разлика? Јас не сум им мајка и татко…

Партизан доби уште една битка со Црвена Звезда, овој пат во регионалната АБА лига каде „црно-белите“ го искористија домашниот терен и издвојуваа триумф од 98:87.
Иако беа без капитенот Кевин Пантер, избраниците на Жељко Обрадовиќ подобро се снајдоа на теренот, повеќе ја посакуваа победата и заслужено дојдоа до истата и покрај тоа што имаа проблеми во првиот период.
-Повторно фантастична атмосфера, благодарност до сите што дојдоа. Не е лесно да се играат два натпревари против иста екипа, таква е ждрепката. Излеговме на теренот со 11 играчи, имаме проблеми и важно е да имате ростер кој може да одговори на барањата во текот на целата сезона. Ова беше одличен кошаркарски натпревар.
-Звезда отвори, ние главната разлика ја направивме во вториот период. Го започнавме добро и третиот, но имавме и некои индивидуални решенија кои не ми се допаѓаат. Звезда играше преку контранапади. Им честитам на играчите за победата. Ме радува добрата и пријателска атмосфера на паркетот, се надевам дека така ќе продолжи. Вечерва играчите кои создаваат играа и за другите, најубавото нешто во кошарката е кога играч ќе постигне кош и ќе покаже со прст кон друг играч и ќе каже фала, ми даде добра топка, -рече Обрадовиќ кој запрашан за тоа дали неговата екипа се „коцкала“ со оглед на тоа што во еден период водеше и со 19 разлика трофејниот стратег во негов стил порача:
-Утре е слободен, но ќе им кажам на играчите, не се коцкајте. Можеби се работи и за квалитетот на противникот? Дали имаме обврска да победуваме со 20 поени разлика? Можам само да кажам дека моите играчи имаа многу грешки и можам да ги прозивам за тоа
-Ги прозивам затоа што водеа, но не сум мама и тато да им кажам браво за се што ќе направат.Никој не се коцкал, туку грешеа.Не секој шут може да биде погоден. Тео не е добар играч, Нејпир исто така ?Ова е прашање на концентрација, нека промаши, само да го следи планот на играта, -заклучи Зоц.
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ